Апсења низ Центар, Аеродром и Гази Баба поради дрога

Полициските службеници уапсија седум лица на различни локации во Скопје, откако кај истите беше пронајдена дрога.

Во 13.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 17.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.М.Г.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во 19.15 часот на подрачјето на Аеродром, го лишиле од слобода Ф.Р.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 21.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(49) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Додека во 21.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Полициски службеници во 23.15 часот на подрачјето на Центар го лишиле од слобода М.А.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Исто така, на 12.05.2023 во 00.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода С.А.(40) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен метадон.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.