Апсења на Бит Пазар и во Карпош поради дрога

Во текот на вчерашниот ден биле уапсени три лица низ Скопје.

Најпрво во 19.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(23) и С.Д.(20), двајцата од Скопје, затоа што при преглед во возилото во кое се превезувале била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 23.35 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.