Апостолов: Ако не се најде решение за паркирање во Клинички ќе има тепачки

Проблемот со паркинг просторот околу Клинички и натаму има задава главоболки на корисниците. 

Критики на сметка на Градски паркинг овој пат упати Ивица Апостолов, вработен во комплексот. 

Еве што вели за проблемот со паркирањето на пациентите и персоналот. 

-Паркинг Kлинички центар Скопје…капацитет 533 обележани паркинг места, а бројката е над 5.000 возила кои влегуваат внатре во кругот на Клинички!

Никој од Градски Паркинг Скопје ниту регулира сообраќај, ниту некој им кажува на пациентите дека нема слободно паркинг место, ниту пак некој да им каже каде да ги паркираат возилата, ниту насоки да им дадат на луѓето со алтернативни паркинг места!

Пациенти во колички ги тркалаат по кал за да стигнат до потребната клиника или за дијагностика во некој институт!!!

Ова е идиотизам невиден од страна на Градски Паркинг Скопје на кои им е најбитно да наплаќаат по 100 денари од возило и не се замараат каде паркираат пациенти и персонал!!! 

Алармира дека мора да сенајде решение под итно. 

-Доколку не се најде во најбрзо време решение за паркирање на возилата во Клинички, само прашање на време е кога ќе има тепачка помеѓу пациентите, а не е исклучено да избие тепачка и помеѓу вработените и пациентите, а богами и помеѓу самите вработени за блокирани паркинг места.