Апел за помош: Влошена е состојбата на малиот Дамјан, семејството повторно бара поддршка

Здравствената состојба на малиот Дамјан, за жал, се влошила.

Родителите повторно упатуваат апел за помош, додека лекувањето во Турција продолжува да носи неизвесност и дополнителни трошоци.

Според информациите, сè уште не е познато дали Дамјан ќе мора повторно да биде опериран и да помине низ уште две серии хемотерапија. Во меѓувреме, долговите на семејството се зголемуваат.

Родителите бараат поддршка од граѓаните за да можат да го продолжат лекувањето на нивното дете.

Сите што се во можност да помогнат можат да донираат на следниот лик и да го споделат апелот со други луѓе.

Доколку сакате да донирате повеќе од 6.000 денари, тоа можете да го направите на жиро-сметката на Ecrowd.mk
Жиро сметка: 270078016610134
Цел на уплата: за Дамјан
Шифра: 562 / донации