Апел за донирање прочистувачи за воздух во основните училишта во општина Шуто Оризари

Од Општина Шуто Оризари апелираат до целата бизнис заедница, медиумите, невладините организации и сите релевантни фактори да се вклучат во донирањето на прочистувачи за воздух за највулнерабилниот дел од заедницата во која што живееме: децата.

Во пресрет на новогодишните празници, Општина Шуто Оризари почна со акцијата „Биди фраер и донирај прочистувач”, што ќе трае до крајот на јануари, а крајната цел е обезбедување на прочистувачи на воздух во секоја училница во двете основни училишта на територија на општина Шуто Оризари, „Браќа Рамиз и Хамид” и ,„26 Јули”.

Како иницијатор на акцијата, информираат од општината, веќе се обезбедени прочистувачи за детската градинка „8 ми Април”.

– Заедно да придонесеме кон унапредување на здравјето на нашите најмили со ублажување на штетите од загадувањето, стои во соопштението од Општина Шуто оризари.