Апасиев: Вака да блокиравте за Францускиот предлог, автобусите ќе ви беа во отпад за старо железо

Претседателот на политичката партија „Левица“ повторно објави статус на неговиот профил на Фејсбук за блокадите низ главниот град од страна на приватните превозници кои тврдат дека ЈСП има неисплатен долг кон нив. 

„Вака да блокиравте за Францускиот предлог, до сега автобусите ќе ви беа у отпад за старо железо. СДС толерира беззаконие кога му одговара хаосот, ДПМНЕ вади на протести само кога му дужат пари. Епа, чорба“, напиша Апасиев.