Апасиев: Училиштата оставени на немилоста на приватните профитери!

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев остро реагира за високите сметки за струја, со кои се соочуваат училиштата, градинките, болниците, јавните институции. 

Тој на својот Фејсбук профил дава предлог за основање на јавно претпријатие за снабдување со струја на општествено-корисните субјекти. Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:

-Лани, во просек, едно УЧИЛИШТЕ плаќало по 300 ЕУР за струја. Годинава плаќа по 3.000 ЕУР!?

Левица вика: мора да се основа јавно претпријатие за снабдување со струја на општествено-корисни субјекти (школи, градинки, сали, болници, јавни институции), а не да бидат оставени на немилоста на приватните профитери!

Владата вика: снајдете се! Тоа не е наш проблем.

#Окупатори - стои во објавата на Апасиев.