Претседателот на политичката партија „Левица“ со свој став за блокадите низ главниот град од страна на приватните превозници кои тврдат дека кон нив ЈСП има неисплатен долг.
-Јас разбирам БЛОКАДА на главен град заради јавен интерес или политички барања. Но, да блокираш цел град заради приватен долг (облигационен однос) - е тоа не го контам баш!? И сега МВР - Сообраќајна полиција... Како што знаевте летоска да им пишете казни на нашите активисти кои блокираа со автомобили заради Францускиот предлог, постапете исто и кон приватњаците-ГАЗДИ на најружните и најпрљавите автобуси во свет, кои се паркирани на булеварите низ Скопје - напиша Апасиев на „Фејсбук“.