Антоновски за чадот низ Скопје: Имаме ли излез, а да не е граничен премин?

Долгогодишниот новинар, Драган Антоновски, кој беше и директор на Македонската Информативна Агенција, со став за еколошката катастрофа која Скопје ја живее деновиве со аерозагадувањето, но подолго време со преполните контејнери. 

Имаме ли излез, а да не е граничен премин, поентира тој. 

Неговата фејсбук објава ви ја пренсуваме во целост. 

- Гори Вардариште, скопјани се гушат. Сега гори и Дрисла, граѓаните се гушат. Првиот одговор е пожарите се подметнати. Градот се гуши во смет и полни контејнери. Скопјани немаат градски превоз. Одговорот е советот бил блокиран од политиките, а градоначалничката невина. А виситнскиот одговор е дека тие кои што градат, управуваат, носат одлуки, се неспособни, немаат решенија, туку само напаѓаат некој друг.

Сите раскажуваат бајки, де ова, де она... а граѓаните го јадат стапот и со загаден воздух и со немање чисти улици и со немање превоз, вода, изгорена трева, запустени паркови тотално намален квалитет на живот и скратен век на живеење. И на крајот прашањето е, аман бре луѓе... Кога или ќе бидат ли граѓаните во прв план? Не во изборните програми туку во реалноста.

Сите се повикуваат на народот и уште му потенцираат дека не е глуп и не е прост, ама, ама кога властите ке бидат во функција на граѓаните или граѓаните ќе бидат и натаму само гласачи и заморчиња... Не е одговор се некоја друга власт е виновна, се некој друг е виновен и сите нешто констатираат проблеми, покажуваат со прст, а никој не ги решава. И сега ќе ја трпаме Дрисла, проблемот под земја, како и со Вардариште години претходно, за да потоа биде беља за некој друг. Имаме ли излез, а да не е граничен премин.