Антониа и Пајак ја објавија новата песна „Хабиби“ (видео)

Откако ја шокираше јавноста со веста дека е бремена и се мажи, младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска ја промовираше својата нова песна и спот за истата, во соработка со Пајак. 

Песната носи назив „Хабиби“, а музиката и стиховите се авторско дело на Христијан Настески познат под естрадно-уметничкиот прекар Пајак . 

„Малку авантура, малку љубов, малку стрес, заради тие очи паѓам jaс на грев…“ - се дел од песната која ветува дека ќе биде хит. 

Слушнете како звучи и погледнете го спотот за најновото од Антониа и Пајак: