Антониа Гиговска во хумана мисија: Го продава дизајнерскиот фустан за да помогне на жена болна од рак

Нашата позната пејачка Антониа Гиговска објави хуманитарен повик, а средствата ќе бидат донирани за лекување на жена болна од карцином.

Таа на својот инстаграм профил објави дека го продава дизајнерскиот фустан од модната дизајнерка Викторија Бурсак. 

-Овој фустан е првиот Custom Made Design на мојата стилистка. На почетокот сакав да го задржам за себе затоа што се заљубив од прва, но поради големиот интерес одлучив да го продадам. Изработен е од свила и е S конфекциски број. Парите сакам да ги донирам за АНЕТА ЈОВАНОВСКА која боледува од карцином, објави Антониа.

Таа додава дека нема да бидат пари кои што ќе помогнат многу, но се надева дека на нејзе ќе и значат.

-Сакам сите заедно да помогнеме колку што можеме, повика Гиговска.

Почетната цена на фустанот е 10.000ден.