Антикорупциската со иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на балансерот за вработување

Антикорупциската комисија на денешната седница одлучи да се поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на алатката балансер. Од таму сметаат дека со ова се прават злоупотреби при вработувањата.

- “Во однос на балансерот, ДКСК смета дека иако имало позитивен резултат во етнички вработувања, во изминатите години станало евидентно порастот на бројот на вработени без реални потреби и без просторни услови во институциите, а практиката покажала дека кандидатите за да се вработат ја наведуваат етничката припадност што се бара во конкурсот. Според ДКСК, ваквата примена на оваа алатка, каде што етничката припадност е основен податок за распределба на работно место, се коси со мерит-системот, ја нема вредноста за која била наменета и се злоупотребува доведувајќи до ризици од трговија со влијанија, коруптивно однесување и создавање политички клиенти на партиите“, се вели во соопштението на ДКСК.

ДКСК на денешната седница гласаше и да иницира до Уставниот суд да ја оцени законитоста и колизијата со други закони на Законот за преземање административни службеници вработени преку К-5 програма во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а од Владата да побара извештај за спроведувањето на овој закон со кој институциите треба да прифатат т.н. рамковни вработени кои нераспределени добиваа плата, а седеа дома.

- “Не е познато дали е законот се уште во примена и дали се веќе распределени предвидените лица за преземање во државните институции затоа што Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците не и одговорило на ДКСК со податоци а притоа и понатака се продолжува со објава на нови огласи“,велат од ДКСК