Антички театар ќе се гради на локалитетот Скупи

Фирмата „АК Инвест“ од Тетово и Управата за заштита на културното наследство потпишаа договор за изградба на антички театар со капацитет од 9 000 гледачи на локалитетот Скупи. Објектот ќе биде реплика на античките градби од римски тип, украсен со мермерни елементи.

Управата за заштита на културното наследство одлучи објектот да биде направен од материјалот травертин, кој се користел како градежен материјал во времето кога биле градени оригиналните зданија. Проектот кој беше инициран кон почетокот на годинава, ќе започне со реализација до крајот на 2016. Намената на објектот ќе биде изведба на настани од областа на културата.

Вредноста на проектот се проценува на 7 милиони евра, кои ќе бидат издвоени од буџетот на државата.