Анкетно истражување за велосипедистите од Скопје

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата започна со реализација на анкетно истражување за велосипедистите.  Анкетниот прашалник содржи неколку прашања кои што треба да ги утврдат навиките, прашања и проблемите на велосипедистите во Скопје.

Идејата ни е преку ова истражување да утврдиме колку често во Скопје се употребува велосипед и за кои цели се прави тоа. Освен тоа, сакаме да видиме кои се проблемите со кои се соочуваат велосипедистите и што треба да се направи за да се променат тие. – велат од РСБСП.

Анкетата ќе трае три недели и истата може да се види и пополни на facebook страната на советот. По завршувањето на анализата, резултатите ќе бидат соопштени на јавноста.