Анкета: Седум од десет Македонци се против покачување на платите на судиите и обвинителите, четири од десет се за смена на Коцевски

Според последното истражување на јавното мислење на порталот МКД.мк спроведено од агенцијата Маркет вижн се покажа дека македонските граѓани не се задоволни од работата на судиите и јавните обвинители во македонското правосудство. Најголем дел од испитаниците сметаат дека судиите и обвинителите не заслужуваат зголемување на нивните месечни примања, а повеќе од 40 отсто од испитаниците се за смена на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Според добиените резултати од анкетата на МКД.мк, на прашањето дали судиите и јавните обвинители заслужуваат зголемување на платите, дури 73,6 отсто од испитаниците одговориле негативно. Само 14,8 отсто од испитаниците сметаат дека зголемувањето на буџетот за македонското правосудство е заслужено.

Најголем дел од испитаниците сметаат дека ситуацијата во судството нема да се подобри ако судиите и обвинителите добијат повисоки плати.

Во однос на работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски 42,3 отсто од испитаниците дале негативна оценка за неговата работа, а 22,2 отсто оцениле дека тој добро си ја врши работата.

Дека тој треба да биде сменет речиси 40% од испитаниците се согласиле со ова тврдење.

Анкетирањето било спроведено од 25 ноември до 6 декември 2025 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници.