Анкета на Скопје Инфо: Тимчо Муцунски е најуспешен градоначалник за 2022 година во Скопје

Тимчо Муцунски, градоначалникот на општина Аеродром е најуспешниот градоначалник во Скопје за 2022 година. Ова го покажа анкетата на веб порталот Скопје Инфо која беше спроведена во периодот од 24 декември 2022 година до 15 јануари 2023 година.

Во анкетата заклучно со вчера гласаа повеќе од 25 илјади посетители на веб сајтот.

Втор на листата според бројот на гласови е градоначалникот на општината Бутел, Дарко Костовски, трет е градоначалникот на општината Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Најмал број на гласови има првиот човек на Сарај, Блерим Беџети.

Анкетата има за цел да ги избере, награди и поттикне градоначалниците да работат во полза на граѓаните, да ги исполнуваат своите програми и ветувања и да бидат отчетни пред граѓаните.

Ова е шести пат како веб порталот Скопје Инфо ја спроведува оваа анкета.