Анкета на ИПИС: Доколку наредната недела се одржат парламентарни избори победник би била ВМРО-ДПМНЕ

 

Доколку наредната недела се одржат парламентарни избори победата би припаднала на ВМРО-ДПМНЕ, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања од Скопје. Со предност од 5,4 проценти партијата на Мицкоски според истражувањето на ИПИС, води пред партијата на Заев. За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23 проценти од испитаниците, за СДСМ 17, 6, на трето место е ДУИ за која би гласале 6,7 проценти од анкетираните. Четвртото место би припаднало на Коалцијата Алијанса за Албанците и Алтернатива кои би освоиле 4,9 проценти, потоа се Левица се 4 отсто , по неа Колицијата ЛДП и ДОМ 1,5 , а БЕСА ако има наредната недела избори би освоила 1,6 отсто од гласовите.

ИПИС во нивото истражување покрај прашањето за избори, ги анкетираше граѓаните и во кој политичар имаат најголема доверба. И на ова прашање партијата ВМРО-ДПМНЕ, односно Христијан Мицкоски имаат предност пред СДСМ, односно Зоран Заев. Според анкетата 19,3 отсто од анкетираните имаат доверба во Мицкоски, што е за 3,7 проценти повеќе од онаа доверба која ја ужива Заев, во актуелниот премиер доверба имаат 15,6 проценти од граѓаните. 7 проценти се изјасниле дека му веруваат на Ахмети, 4,2 на Апасиев, 4 на Села, 1,5 на Касами и 1,1 процент на Гаши.

Оваа анкета е споведена телефонски во периодот од 19 до 22 октомври годинава врз примерок од 1102 испитаници.

Дека се повеќе се зголемува опозициското расположение покажува и уште една анкета, односно истражувањето на М- Проспект, покрај прашањата за локалните избори и политичката понуда, М – Проспект ги прашуваат граѓаните и за нивен став во која насока се движи државата.

Еден од два граѓани или 51,6% од граѓаните сметаат дека државата се движи во погрешна насока, а еден од пет или 19,3% дека се движи во правилна насока. Дека стои во место сметаат 27,5% од граѓаните – се дел од резултатите од анкетата на М – Проспект.

Според анкетата девербата во владата е намалена, зголемен е и процентот на граѓани кои сметаат дека владата не води добра надворешна политика.

Довербата во Владата е намалена од 42% во април 2021 година, на 38,8% во октомври 2021 година. Довербата во Владата е пониска меѓу етничките Македонци и изнесува 33,6%. Во надворешната политика, како и во ЕУ интерграциите клучно е прашањето на односите со Бугарија.Меѓу граѓаните висока е перцепцијата од 46,5% дека односот со Бугарија се движи во погрешна насока – се дел од резултатите од анкетата на М – Проспект.

Анкетата е споведена телефонски  од 07.10 до 15.10 оаа година на примерок од 1000 испитаници псотари од 18 години со маргина на грешка +/- 3%. 

Извор