Анкета: 44.2% од анкетираните граѓани сакаат предвремени парламентарни избори

Според најновата анкета на Агенцијата ИСПОС дури 44.2% од анкетираните граѓани сакаат предвремени парламентарни избори.

Против избори се 38.8% од испитаниците, додека на прашањето со „не знам“ одговориле 5.6%.

Од анкетираните 11.4% одбиле да одговорат на ова прашање.

Анкетата е спроведена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, од 12-ти до 30-ти ноември 2021 година на територијата на целата држава, на стратифициран репрезентативен примерок од 1.010 испитаници.

На прашањето доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори и на тие избори би се кандидирале само партии, а не коалиции, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 22,5 проценти од испитаниците, додека за СДСМ својот глас би го дале 15,3 од анкетираните.