Анимиран филмски маратон под отворено небо во Скопје

Филмски маратон под ведро небо за сите љубители за анимирани филмови ќе се одржи в четврток.

Настанот е во организација на меѓународниот филмски фестивал „Анимакс Скопје фест“, а со поддршка на Градот Скопје.

Филмовите ќе се прикажуваат на плоштадот „ВМРО“ во строгиот центар на градот, со почеток во 21 часот.

Детската програма ќе се одржи од 18.30 до 20 часот.