Анимации, игри, забава и сликање со омилените Дизни ликови викеднов во Зоолошката градина

И овој викенд се организира многу забава и дружење за најмладите.

Пајо и Пата овој викенд во Скопје Зоо. Анимации, игри, забава и сликање со омилените Дизни ликови.

Забава и за најмалите, уживање и за најстарите. Во скопската Зоолошка има место за сите. 

Активностите не престануваат, а убавото време им оди во прилог и на посетителите за да можат да уживаат и за миг да заборават на секојдневните обврски. 

Искористете го и овој викенд!