Англичанец повреден во сообраќајна незгода

Утрово околу 01.40 часот во Скопје, на крстосницата од ул.„Јужен Булевар“ со ул.„Јордан Мијалков“ се случила сообраќајна незгода во која S. B.(62) од Англија бил удрен од возач кој управувал засега непознато патничко моторно возило кое веднаш по незгодата го напуштило местото на настанот, информираат од МВР.

Ѕ. В  со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде што од страна на лекар му е констатирана тешка телесна повреда.

Полицијата работи на расчистување на случајот.