Ангеловски: Од отворањето на гласачките места регистрирани четири инциденти

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски информира дека во гласачкото место во ОУ„ Лазо Ангеловски“ во Скопје, К.Ж.(22) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир, со тоа што навредувал граѓани и физички нападнал полицајци. Тој е приведен во полициската станица во Аеродром.

Пријавен бил и случај од страна на старец од Зубовце, Гостивар, кој пријавил дека бил навредуван во врска со референдумот од страна на 64-годишна жена. Таа е повикана во полициска станица и МВР информира дека се работи на расчистување на случајот.

Според Ангеловски, во Струга од зграда во близина на избирачко место во ОУ„Браќа Миладиновци“, пријавено е фотографирање со мобилен телеффон од тераса од страна на неколку лица. Веднаш се преземени мерки, лицата биле однесени во полициската станица во Струга и се работи на расчистување на случајот.

„На гласачко место во ОУ„Ванчо Прке“ во Штип, Б.О. од Штип пријавил дека при достава на храна во избирачки одбор, бил фотографиран и навредуван од Е.С. од Штип. Тој е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот“ информира Ангеловски.

МВР ги повикува граѓаните да ги почитуваат законите и да се воздржуваат од било какви нарушувања на јавниот ред и мир и на тајноста на гласањето. Какво било однесување спротивно на законите МВР нема да толерира и ќе постапи согласно законите. Со цел граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право.