Ангеловски ги избра стартните 11 за дуелот со Украина

Од воведниот натпревар против Австрија, во почетниот состав на „црвено – жолтите“ за денешната пресметка го нема напаѓачот Александар Трајковски, а на негово место селекторот Игор Ангеловски се одлучи за играчот за врска Стефан Спировски.

На голот е стандардниот Столе Димитриевски, а во одбраната се Дарко Велковски, Висар Муслуи и Кире Ристевски.

Средниот ред го сочинуваат Стефан Ристовски, Аријан Адеми, Бобан Николов и Стефан Спировски, додека Енис Барди е позициониран пред напаѓачкото дуо Горан Пандев – Елиф Елмас.