Ангеловска: Треба да има кратење на плати во јавната администрација!

Министерката за финансии, Нина Ангеловска на денешната прес конференција даде свој став на новинарско прашање за кратење на платите во јавната администрација, поради ситуацијата со корона вирусот во земјава.

„Сите треба да сносиме дел од товарот. Мислам дека треба да има намалување на платата во јавната администрација. Може да се каже дека луѓето од приватниот сектор се најпогодени, а од финансиски аспект веќе се спроведе кратење на платите“, истакна Ангеловска.