Ангелоу: Секогаш кога ќе донесам одлука со отворено срце, ја носам вистинската одлука

Научив дека без оглед на тоа што ќе се случи, или колку и лошо да изгледа денешниот ден, животот продолжува понатаму и утре ќе биде подобро.
Научив дека можеш многу да дознаеш за личноста според тоа како се справува со три работи: дождлив ден, изгубен багаж и заплеткани новогодишни светилки.
Научив дека без оглед на односот со твоите родители, ќе ти недостигаат кога ќе заминат од твојот живот.
Научив дека заработување за живот не е исто како и создавање живот.
Научив дека животот понекогаш ти дава втора шанса.
Научив дека низ животот не треба да одиш со ракавици за безбол на обете раце, треба да бидеш способен да фрлиш нешто назад.
Научив дека секогаш кога ќе донесам одлука со отворено срце, обично ја носам вистинската одлука.
Научив дека секогаш кога имам болка, не морам и јас да бидам болка.
Научив дека секој ден треба да посегнеш и допреш некого. Луѓето сакаат топла прегратка или пријателско потчукнување по рамото.
Научив дека уште имам многу за учење.
Научив дека луѓето ќе заборават што си кажал, луѓето ќе заборават што си направил, но луѓето никогаш нема да заборават се чувствувале поради вас.

~ Маја Ангелоу