Андре Риу доаѓа во Скопје, ќе настапи со неговиот оркестар од 60 члена

Светската ѕвезда Андре Риу, познат како „современиот крал на валцерот“ на 6 јуни ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Тој во Македонија доаѓа со неговиот 60-член „Јохан Штраус оркестар“, најголемиот приватен оркестар на светот.

Концертот е во организација на „Пасворд Продукција“. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 23 јануари и ќе чинат од 3050 денари нагоре.

Концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти.