Андоновски: Започнуваме со промотивна кампања за електронските услуги за компаниите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека започнуваат со промотивна кампања за електронските услуги за компаниите.

„Една од најкористените е-услуги за правните лица е издавањето уверение од кривична евиденција од основните судови. Наместо одење на шалтер и губење време, компаниите можат електронски да поднесат барање преку Националниот портал uslugi.gov.mk“, истакна Андоновски.

Тој посочи дека дигиталната трансформација има вистинска вредност кога институциите стануваат поефикасни, а услугите подостапни за граѓаните и компаниите.