Андоновски во посета на Математичко-информатичката гимназија по повод првиот училишен ден

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска на почетокот на новата учебна година беше во посета на Математичко-информатичката гимназија.

Андоновски се сретна и разговараше со учениците, на кои им посака среќа и успех во новата учебна година.

„Овие ученици се иднината на дигиталната трансформација и технолошкиот развој на Македонија“, истакна тој.

Воедно додаде дека со поддршка од Министерството за дигитална трансформација и од општествено одговорни партнери, обезбедиле подобри услови за настава со целосно реновирање на две училници, SMART табли и работни компјутери.

„Младите кои денес освојувааат европски и светски награди по математика и информатика утре ќе бидат носителите на дигиталниот развој на Македонија. Наша обврска е да им обезбедиме современи услови за учење и напредок. Среќна и успешна учебна година на сите ученици“, порача министерот.