Андоновски на билатерална средба со српскиот министер Балинт - разговарале за технолошкиот развој и иновациите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски кој е во посета на Република Србија, оствари официјална билатерална средба со академик Бела Балинт, Министер за наука, технолошки развој и иновации на Република Србија.

Во неговата Фејсбук објава, тој сподели дека на средбата со Балинт, разговарале за технолошкиот развој и иновациите, како на Балканот, така и во Србија и Македонија.

„Одлични можности за развивање на меѓусебна соработка, имплементирање на трендовите и вештачката интелигенција. Во фокусот на разговорот исто така беше и интензивирањето на соработката помеѓу Македонија и Србија, како и заемната поддршка која ни е потребна како две соседни земји на евроинтеграцискиот пат“, напиша Андоновски.