Анастасија се опоравува по успешната операција на ногата која 6 месеци никој не сакаше и да и ја направи

-Имам голема желба на физичко да играм. Потоа да излегувам надвор, да шетам и да си играме со другарчињата, вели за Сител Анастасија Симеонов.

12-годишната Анастасија е среќа бидејќи ногата успешно и е оперирана. Сега може да ги мрда прстите. По сторијата на Сител за шест месечната голгота на семејството Симеонов од скопско Марино низ македонските болници, интервенцијата е направена на Клиниката за ортопедија. Директорот на установата доктор Виктор Камнар кој го извршил хирурскиот зафат за Сител изјави дека се поминало во најдобар ред. Тој е оптимист дека детето ќе може нормално да оди, но треба да помине процес на рехабилитација.

-Најважно да може да функционира да оди. Да застанеме на нозе. Јас се надевам дека ќе успееме. Долг ќе биде процесот, но се надевам дека ќе успееме, изјави Тања Симеонов, мајка на Анастасија.

За случајот се заинтересира и министерот Филипче и вети дека ќе ги провери тврдењата на мајката дека лекар од клинички и барал мито за да ја направи операцијата и лично ќе го пријавел, но сеуште нема епилог.

-Да не дојдовте да ја кажеме вистината пред јавноста немаше никој да му помогне на детето, а не треба така, додаде мајката на Анастасија.

По сторијата на Сител голем број хумани граѓани понудија помош Анастасија да биде оперирана во приватна болница.

Веднаш по операцијата претставници на македонската заедница во Малта го посетиле девојчето на Клиника и донирале финансиска помош на семејството.