„Ана и Хана“ на Турски театар во Театар Комедија

Турски Театар вечерва во Театар Комедија ќе ја изведе претставата за младинци „Ана и Хана“ по мотиви на Дневникот на Ана Франка, во адаптација и режија на Драгана Гунин.

Улогите ги толкуваат Емине Халил (Ана Франк), Жале Османли (Хана), Инес Радониќ (Хира) и Хакан ДАЦИ (Петер).

Сценографијата е на Беди Ибрахим, костимографијата на Елена Вангеловска, а кореографијата на Александра Кочовска Начева.

Музиката ја напиша Ади Имери.