Забраната за сообраќај за тешки товарни возила се воведува од превентивни причини на планинскиот премин Пресека, патниот правец Крива Паланка-граничен премин Деве Баир и патните правци Гостивар – Маврово – Дебар и Гостивар-Стража.
Oд превентивни причини се воведува задолжително употреба на зимска опрема ( ЛАНЦИ ) за сите учеснуци во сообраќајот на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево
Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.
Сообраќајот на државните патишта се одвивa во зимски услови, по наместа влажни коловози. Снег провејува на патните правци Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Стража, Делчево и Страцин, но не се задржува на коловозот.
Намалена видливост поради магла има во Крушево – 50 метри и Плетвар – 50 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
РАБОТИ НА ПАТ: