
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).
Врнежи од снег на планинските премини „Ѓавато“ и „Буково“ без задржување на коловоз.Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин „Плетвар“ и кај Крушево до 50 метри, Стража до 80 метри и на патниот правец Тетово-село Лисец до 80 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Известување:
– Виадукт Трејд Гостивар известува дека од 24 септември 2025 година започнаа градежни активности за санација на потпорни ѕидови кај подпатник на Државен пат А2, обиколница Скопје на км 21+840,00 до км 21+987,00, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај во времетраење од четири месеци. Од 6 октомври 2025 година во период од 4 месеци сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен поради изведба на градежни работи и истиот ќе се одвива двонасочно во должина од 300 метри во правецот Тетово-Велес).
– На експресниот пат А2, Крива Паланка-Страцин на km 14+200 (близу село Петралица) е започната регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел од делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со светлосна сигнализација-семафори.
– Од 12 септември 2025 година започна санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти-Мелнички Мост, односно ќе се воспостави времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.
– Виадукт Трејд ДООЕЛ од 1 септември 2025 година започна со нова фаза на градежни активности, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај, времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар-Стража во временски период од шест месеци.
– Според известување од „Виадукт Треј“ Дооел од Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп-Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп-Битола, од делот од клучка „Лагово“ до Тополчани. Овој времен режим е започнат од 3 април 2025 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности.
Времена измена на сообраќајот:
Од 12 септември 2025 на експресниот пат А2, Крива Паланка-Страцин на км. 14+200 (близу село Петралица) отпочна регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел од делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот ќе се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со светлосна сигнализација, семафори.
Известување:
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
Зимска опрема:
Од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Сезонски режим на сообраќај:
Патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, од 17 април 2025 година е пуштен за сообраќај за за возила до 3.5 тона.
Работи на пат во регионот:
На патниот правец Кичево-Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа се препорачува строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.