АМСМ: Состојба на патиштата низ Македонија

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
На регионалниот пат Р-2137 пред населеното место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5 тона) сообраќајот се пренасочува преку мостот на реката Вардар, врска А1 со Р-2137 (Демир Капија – Корешница – Војшанци).

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и превоите, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани - Делчево и Ресен - Буково каде што е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец Гостивар – Кичево на 2 км пред планинскиот премин Стражa поради изведување градежни работи (санација на мост) сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

На патниот правец Катланово - Велес, воведена е привремена измена на режимот на сообраќај поради изведување градежни работи, односно осветлување на тунелот Бел Камен. Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сигнализација.

На патниот правец А1 Автопат Велес – Скопје пред наплатната станица Отовица се извршуваат градежни работи на пат – изградба на краци за приклучување и исклучување на Автопатот. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се препорачува крајно внимателно управување со возилата, почитување на сообраќајната сигнализација и приспособување на брзината спрема условите на патот.