АМСМ отстрани една забрана за движење

Денеска од АМСМ излегоа со известување дека престанува да важи забраната за возила на патот Маврови Анови - Дебар која беше на сила поради изведување на асфалтерски работи.

„Останува во важност поставената времена сигнализација и истата треба да се почитува. Работите на патот продолжуваат да се изведуваат од страна на Пелагонија АД Гостивар", се наведува во нивниот извештај.