АМСМ: Градежни активности кај наплатните станици Петровец и Миладиновци од идната недела

На наплатната станица Петровец, во правец Скопје – Петровец, како и на наплатаната станица Миладиновци, во правец Скопје – Миладиновци поставени се знаци за сообраќаен режим, но не е изменет постојаниот тек на сообраќајот. Градежни активности ќе се изведуваат во текот на наредната недела кога ќе има поволни временски услови, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.