АМС ќе биде партнер на проектот „Запознај ја Преспа“

Да се сплотат младите од регионот и пошироко со млади од соседството, пред се Грција и Албанија преку дружба, спортување, фестивал на храна и органски производи, трибини и промоции е целта на проектот „Запознај ја Преспа“ чиј партнер годинава ќе биде Агенција за млади и спорт (АМС), а ќе се одржи овој викенд.

– Голема чест и задоволство ми е што АМС ќе биде дел од еден ваков проект, кој претставува промоција на спортот, културата, гастрономијата на еден прекрасен регион, како што е Преспа, изјави директорот на АМС, Дарко Каевски на денешната прес-конферениција во Скопје.

Покрај спортските настани, планирани се панел дискусии, музички настапи, садење дрва на Галичица, дегустација на традиционална храна подготвена од „Рурални жени од Преспа“, презентација на локални органски производи, игри и забава за најмладите.

Проектот што ќе се одржи на 15-ти и 16-ти овој месец, е во организација на велосипедска и планинарска тура на Галичица и за прв пат се одржува во нашата држава.

Носител на проектот е Општината Ресен заедно со Планинарското друштво „Prespa bike”.