Ампева: Ние личиме на протекторат, бетер од афрички и индиски земји со правата и платите на работниците

Бурни реакции во јавноста откако вчера претседателот Пендаровски ги потпиша законите за „Бенхел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10 Д.

Активистката за работнички права Кристина Ампева се огласи со став за правата на работниците кои се тенгирани со овие закони. 

-Не знам кои се тие експерти кои сте ги консултирале. Ама ние личиме на протекторат, ние личиме бетер од афрички и индиски земји со правата и платите на работниците. Со уништување на земјоделците, одземање на земја, со уништување на македонската култура и богатства. Македонските шуми. Работникот од Македонија. Со удоволување на разно разни компании, олигарси, интереси туѓи, не наши. И на крај.... На таквите експерти треба да им „заблагодариме“ за корупцијата, непочитувањето на законите, на иселувањето, на човековите права, на секое зло кое го живееме 30 години.Мислев повеќе можете од ваква одлука претседателе. Да се ставите во заштита на владеењето на правото. Со сите закони , не само за работните односи. Се излажав, порача Ампева преку објава на својот фејсбук профил.