Ампева: Дрва, пелети, брикети на 100 посто качени, башка и нема

Активистката Кристина Ампева со жестока реакција за мерките на надлежните за ублажување на кризата претстојната зима. 

-Дрва, пелети, брикети на 100 посто качени, башка и НЕМА. Поскапени цени на основни продукти, мерки НЕМА.  Ќе тонат општините во долгови, а ќе ги качат цените кон сервисирање на услуги кон граѓаните, оти и за нив мерки НЕМА. За граѓаните со ниски примања и приматели на социјална помош мерки НЕМА, ама ќе донеле. Кога, ми е прашањето?, реагира Ампева. 

Таа во својата објава констатира дека има за репрезентации и шетање по странство, како што вели, на функционерите и бифето собраниско фул со храна по евтини цени, та дури смешни, ИМА.

Не заслуживме ваква негрижа, разочарано констатира таа.