Американски експерти ги обучуваат наставниците, директорите и стручните служби од училиштата во Ѓорче

Едукацијата на наставниот кадар е клучна за иновативен и развоен образовен систем. Наставниците, директорите и стручните служби се тие кои преку надоградба на своите вештини и знаења треба да создадат поквалитетна настава.

оку во таа насока општина Ѓорче Петров во соработка со Центарот за развој на образованието „Корени” организираше две работилници.
Просветните работници имаа чест да бидат обучени од високовалификувани едукатори од Тексас, САД. Во текот на дводневната работлница, директорите и стручните служби добиваат вештини во делот на „Влијание на лидерот врз успехот на ученикот” а наставниците имаа обука на тема „Најдобри практики за усвојување јазик”.

Целта на работилницата, е искуствата на странските едукатори и најдобрите практики да се пренесат во нашиот образовен процес на свој уникатен начин. Идејата е да се понуди образовен систем поинаков од останатите општини. Да се вметне нота на поголема креативност а да се заостават застарените методи на едукација.

Соработката со „Корени” продолжува.Директорката Рашел Нил најавува дека во јуни во ООУ Димитар Беровски ќе се одржи англиски капм, овој пат наменет за едукација на учениците, при што ќе бидат опфатени 70 основци од четврто до седмо оддление.

new nike air max 2019