Американската амбасада во Скопје има отворено оглас за вработување административен асистент.
Според условите објавени во огласот кандидатот треба да има завршено високо образование и две години работно искуство во оваа област. Освен тоа, потребно е добро познавање на македонски и англиски јазик.
Работното место предвидува 40 работни часови во текот на една недела. Годишната плата за оваа позиција е 17 илјади евра, а целиот оглас може да го погледнете тука.