Американска компанија ќе произведува масло од канабис во Скопје

Американска компанија влегува со инвестиција во Македонија. “NYSK Holding”, ќе се занимава со одгледување и производство на канабис за медицински цели, а планот е да вработат 200 лица.

Компанијата денес започна со работа во простори на фабриката Охис од 2.000 метри квадратни како браунфилд инвестиција.

Во Македонија и регионото за прв пат се отвора една ваква компанија која ќе одгледува, суши и продава канабис за медицински цели. Првиот производ ќе биде пуштен на пазарот во август годинава.

-Овој фабрички комплекс кој во 90-те беше уништен, гордост ми е да објавам дека ќе биде фабрика за одгледување и производство на канабис. Само неколку земји во светот имаат дозвола за одгледување канабис, истакна на денешната прес-конференција министерот Џери Наумоф.

Покрај оваа компанија во Македонија има и интерес и за други компании, а една од нив е во понапредна фаза на преговори.

-Инвестицијата ќе се развива во наредните 5 години. Тие веќе земаа браунфилд објект во фабриката ОХИС некаде околу 2000 m2 кој го адаптираа за своите бизнис цели. Главни пазари на кои ќе се извезуваат продуктите од оваа компанија се ЕУ, пред се Германија и Италија, како и Југоисточна Европа. Значи ќе имаме една успешна приказна каде една фабрика во минатото беше затворена, а сега имаме рестартирање и употреба на дел од нејзините капацитети. Првичните контакти со сопствениците на NYSK Holding се направени пред 4 години, за време на една бизнис промоција на можностите за инвестирање во Бостон, САД, напиша денес на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.