Американец уапсен вчера во Центар заради тешка кражба

 Вчера попладне на подрачјето на Центар - Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Р.Џ. (28) од САД, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“.

За настанот е известен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка.