Американец пронајден починат во хотел во центарот на Скопје

Вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил пронајден починат Р.Р.Ц.(43) од САД.

Како што се наведува во полицискиот билтен, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.