Американците зборуваат за Маврово (ВИДЕО)

Видео направено минатиот викенд во Маврово беше прикажано на ТВ програмата „Right This Minute“ во САД.

Минатиот викенд во Маврово се одвиваше хуманитарен настан, кој заврши со група скијачи кои се спуштаа по ски-патеките носејќи бакљи во црвена и жолта боја.

„Right This Moment“ е американска телевизиска програма која споделува вести за светски случувања преку интересни и вирални интернет видеа. Тема на една од нивните дискусии оваа недела беше токму настанот од Маврово, за што водителите се пошегуваа дека активноста треба да биде додадена како дисциплина на зимските Олимписки игри кои моментално се одржуваат во Јужна Кореја.

Оргиналното видео е продуцирано од Вертиго и може да го погледнете во продолжение: