Амбасади утре ќе го чистат кејот на Вардар

Амбасадата на Кралството Холандија заедно со „Пивара Скопје“ и „Пакомак“ утре на пладне ќе организира твит-ап за чистење на кејот на реката Вардар. 

Во акцијата за чистење на кејот од ѓубре и смет досега се пријавиле тимови од амбасадите на САД и на Велика Британија, соопштија од холандската амбасада.

Американскиот амбасадор Џес Бејли на „Твитер“ објави дека тимот од неговата амбасадата е среќен што може да се вклучи во активностите за чистење, организирани од неговиот колега Ваутер Пломп од амбасадата на Холандија.

Во претходните две акции организирани од холандската амбасада, се чистеше ѓубре и смет од кејот на Вардар и кај Езерото Матка. Пред неколку години холандската амбасада организираше и чистење на Маврово.