Алкалоид АД Скопје објави оглас за вработување - нето плати до 40.000 денари

Доколку имате желба да бидете дел од тимот креативци и да ги остварите своите амбициии, доколку имате визија за својот личен успех, желба да покажете дека сте единствени, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, со внимание проследете го овој оглас. 

АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ го објавува следното слободно работно место:

1. ОЕ Корпоративни служби – Информатичка технологија и телекомуникации (IT&T)
1.1. Координатор за обезбедување квалитет и валидација на компјутерски системи – 1 (еден)

Потребни квалификации и вештини:
- ВСС: Пожелно е кандидатот да е со завршен Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство или Фармацевтски факултет, но прифалтиви се и кандидати со завршен факултет од техничките области (Машински факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии, Технолошко-металуршки факултет и сл.)
- Минимум три години работно искуство во областа Обезбедување квалитет и имплементација на системи за квалитет и/или работно искуство со валидација на компјутерски системи.
- Предност е искуство на позиција Лице за обезбедување квалитет во фармацевтска или во слична индустрија со систем за квалитет.
- Работно искуство на проекти со комплексна документација.
- Предност е работно искуство и познавање на постапките за валидација и за водење документација за валидација на системи согласно со GMP и GAMP стандарди.
- Напредно познавање и користење Windows, MS Office и интернет-сервиси.
- Способност за тимска работа и високо развиени комуникациски вештини.
- Одлично познавање англиски јазик.
- Пожелно е поседување возачка дозвола од Б-категорија. 

Цел и одговорност на работното место:
- Изработка и проверка на документи од системот за квалитет за одделот IТ&Т.
- Планирање и организирање валидација на компјутерскиот системи, согласно со GMP и GAMP стандарди.
- Изготвување протоколи за тестирање и за организирање тестирање на апликативни и на системски решенија.
- Организирање обуки и тренинзи за постоечки IТ-проекти и решенија, како и при имплементација на нови.
- Интерна комуникација со други оддели, особено со Одделот за обезбедување квалитет за услогласување на IТ-документација, согласно со регулаторните барања и со барањата на системот за квалитет.
- Учество во проверка на добавувачи на услуги од IТ-сегментот.
- Екстерна комуникација со консултанти за валидација на промени во постоечките сервиси, како и при имплементација на нови.
- Екстерна комуникација со проверувачи при надворешни ревизии врзани за IТ-сегментот.
- Ажурно и прецизно водење на документацијата за квалитет во рамките на одделот за IТ.
- Поддршка при тековни и при проектни активности, иницијативност за подобрување и за почитување на зададените рокови. 

Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Предвидената основна месечна нето-плата за позицијата е од 26 565 до 38 115 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот. 

Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:
career@alkaloid.com.mk
со назнака: „За оглас – Координатор за обезбедување квалитет и валидација на компјутерски системи“

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа. 

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек. 

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45, 90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со членот 23 од Законот за работни односи.

Активен до: 15.05.2017