Алиоски има големо срце: Македонски фудбалер испрати помош за настраданите во Турција

Над 12.000 луѓе ги загубија животите по силниот земјотрес во Турција и Сирија, а огромен број лица се водат за исчезнати, додека помош пристигнува од сите страни за настраданите.

Еден од луѓето кои испрати помош е и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, кој го носи дресот на Фенербахче.

Алиоски заедно со неговите колеги испрати нова облека, храна и останатите производи за луѓето кои останаа без своите домови во силниот земјотрес.