Али Ахмети: Нашиот премиер ќе гарантира пријателство со САД и ЕУ

Еден од извадоците од денешниот говор на Али Ахмети кон нацијата во врска со првиот Албанец премиер на Македонија говори и за тоа дека кандидатот ќе биде гарантор на постојаната врска и партнерство на нашата земја со САД и со ЕУ.

“Во држава каде еден Албанец или Албанка може да стане Премиер и да биде достoен предводник кој ќе гарантира доживотно партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Ова е тоа што сакам да им го овозможам на нашите деца и нашите внуци: Довербата  дека ние можеме да постигнеме се што сонуваме. И за ова, треба да се обединиме!” вели Ахмети.

Ахмети истотака рече дека првиот Албанец премиер ќе биде премиер на еднаквоста и развојот.

“Првиот Албанец Премиер ќе биде Премиер на сите. Премиер на рамноправост: еднакви работни места, еднакви плати. Премиер на еднаквите права и на неселективната правда. За Албанците и за сите. Првиот премиер Албанец ќе раководи нова генерација на политиката, претставувајќи еднакво општество и предводејќи ја Северна Македонија кон побогата иднина како земја членка на НАТО и на Европската Унија.

Премиер кој обединува и ќе започне нова епоха не само во Албанската историја, туку и во таа на Северна Македонија, дури и во Европската историја.” објасни Ахмети.