Aлфите вчера брзи и ефикасни - Го пронајдоа детето што се изгуби на кејот на Вардар

Единицата Алфа синоќа го пронајде 12 годишниот Мартин кој се загуби во близина на кејот на реката Вардар.

Од МВР информираа дека момчето било пронајдено во близина на хотелот Хилтон и потоа предадено на мајката.

Мајката на Мартин претходно пријави во полицијата дека околу 14 часот кај маркет во близина на кејот на реката Вардар го изгубила својот син, кој боледува од аутизам. Од полицијата соопштија дека веднаш презеле мерки и активности за пронаоѓање на детето.